Епидемиологот Радмило Петровиќ, смета дека најверојатно ќе треба да примаме вакцини против корона секоја година, но смета дека временскиот интервал помеѓу вакцинациите ќе биде многу подолг отколку порано.

-Врз основа на претходните сознанија за вакцините, верувам дека оваа трета таканаречена засилувачка доза ќе трае сигурно една година, до следната есен. Тоа го велам врз основа на искуството со вакцините што беа дадени во три дози, како на пример, за тетанус, кој трае повеќе од една година, нагласува Петровиќ за „Блиц“.

Сепак, со овој вирус ништо не се знае

– Се уште учиме за ковид и се бориме со него. Како што стојат сега работите, нема да има мир со короната додека не се вакцинираат најмалку 80 проценти од вкупното население на планетата. Тоа значи дека ни требаат 20 милијарди дози вакцини, а досега се направени пет милијарди дози. Најновите информации се дека короната се шири како вирус на мали сипаници, што значи дека можеби ќе бидат потребни повеќе од 80 проценти од вакцинирани, или најмалку 90 проценти, нагласува Петровиќ.

Со текот на времето, вакцините ќе бидат усовршени

Петровиќ е застапник на старата школа за имунизација, што подразбира вакцинација со ист тип на вакцина.

– Јас сум поддржувач на старото правило, но не велам дека е лошо да се комбинираат вакцините. Анализите сигурно ќе покажат колку е ефикасно мешањето на вакцините. Со текот на времето, вакцините исто така ќе бидат усовршени. Бидејќи се појавија нови видови, како што се делта или ламбда, тогаш ќе се направат вакцини и со тие варијанти на вирусот, заклучува Петровиќ.