„Не знам што го навело да ја направи оваа грешка. Сигурно му изгорел мозокот. Како дете од пет- шест години беше нормален, а потоа не. Тој е таков, не растеше со мене, тој порасна далеку од мене“
Фикрет Сулејмановиќ, очајниот татко на масовниот убиец од Градачац, откри дека се срами од својот син, кој со убиството на тројца луѓе го зацрни цел Градачац.
– Мајка му почина пред неколку години, живееше со него. Полицијата го знаеше подобро, да го затвореа навреме, да ја тргнеа Низама,нешто да направеа во врска со тоа… но видовте дека никој не се занимавал со тоа, па чекавме тој да експлодира и да го направи тоа што го направи – вели таткото на Нермин, Фикрет.
Несреќниот човек вели дека ги запознал својата снаа Низама Хеќимовиќ и нивното осуммесечно бебе и дека тогаш се надевал дека монструозниот Нермин се скрасил.
– Решив еден ден да ги видам, па ја наведнав главата и отидов кај нив. Ги видов Низама и бебето пет минути. Бев среќен. Доби дете, мислев дека ќе биде на подобро, дека ќе се подобри, дека ќе биде се подобар и подобар поради бебето. Сепак, тој остана ист. Кој не би се надевал дека неговото дете ќе подобро, кој не би? – прашува разочараниот татко.
Вели дека од болка и мака не може ни да помисли на масакрот.
– Само пијам апчиња и гледам во таванот и замислете дека не знам ништо. Би сакал се да преспијам, еден месец и да се разбудам. Толку ми е лошо, не знам веќе што зборувам – рече неутешениот Фикрет.