Жена која има симптоми на коронавирус и неговите продолжени проблеми од 15 март 2020 година, ја раскажа својата приказна.
Две години не може да работи, едвај станува од кревет, а иако како дијагноза има продолжен ковид, како и постковид синдром, не може да добие потврда дека повеќе не е способна за работа.
Керин Бишоф била медицинска сестра во противпожарната станица, а короната ја добила на 15 март 2020 година. Се снајде „релативно добро“ – не мораше да оди на респиратор, но последиците од короната останале. И не поминуваат ниту по две години, објави Бизнис Инсајдер.
„Морам да поминувам околу 85 отсто од времето во кревет. Моите симптоми се несоница, гадење, чувствителност на топлина, осип, вртоглавица, повраќање, тахикардија, тинитус, болка во градите, хронична болка и вкочанетост, ужасен замор, чувствителност на светлина, згрозеност кон храна и кашлица. И тоа не е се`“, вели таа.
„Секој ден се будам со болки, а од 15 март 2020 година главата ми пука од главоболки. Не спијам затоа што ноќе ми се враќаат најлошите моменти од животот“, рекла Керин.
Таа е самохрана мајка и единствено што успева во текот на денот е да го носи своето дете на училиште. Потоа се враќа и легнува. Потоа некако станува од креветот и оди да го земе синот. И така секој ден.
„Ја изгубив работата затоа што не можев да работам поради сите проблеми. Но, не добивам потврда од комисијата за попреченост, иако постковидовиот синдром е официјална дијагноза“, рече таа, а потоа кажала колку троши на лекови.
Лековите што ги пие и средствата што ги зема и` ги испразниле заштедите. Да не успеала да ја намали цената кај фармацевтот што го познава, ќе давала 880 долари месечно само за лекови против мигрена. Медицинската марихуана и помага со мачнини, но таа ја „плаќа со кеш“.
“И многу од лекарите кои ме прегледаа не ги покриваше моето здравствено осигурување, па морав да ги плаќам во готово. Ме прегледаа вкупно 20 лекари, од кои девет морам редовно да ги посетувам. Тројца од нив ми наплаќаат во готово”. рече Керин..
„Колку луѓе како мене има? Кој може да ни помогне и дали светот е свесен низ што поминуваме?
„Кога луѓето мислат на короната, тие мислат на животот или смртта. Тие не мислат на нас кои сме оставени некаде помеѓу. Не сме умреле, но сè уште не сме преживеале. Не мора да работиме толку напорно за да докажеме колку сме лоши“, заклучила таа.