Марија Шерифовиќ со своите фанови ја сподели информацијата дека ѝ пристигнал налог за приведување. Марија неодамна била на две патувања, а по враќањето во Србија наишла на непријатна ситуација. Имено, на нејзина адреса пристигнал налог за приведување.
Пејачката им објасни на своите следбеници на Јутјуб дека и самата не знае за што се работи.
„Од МВР добив информација дека од извесен суд е пристигнат налог за приведување. Сакам веднаш да нагласам дека сум совесен и одговорен возач. Освен што понекогаш, точно е, не носам појас кога снимам влогови затоа што ми е тешко да ги држам и воланот и менувачот и телефонот, а тоа се две минути и потоа сум врзана. Второ, немам никакви преkршоци, никогаш не сум направила проблем, колку стареам, толку побавно возам, па дури и кога ми свират и сега ќе видам дали ќе одам во затвор или не“, објасни Марија, на чии зборови се надоврза нејзиниот возач Милош, кој не ја исклучи можноста да направил некаков прекршок.
По излегувањето од судот, Марија повторно стапи во контакт со своите фанови, објаснувајќи зошто е приведена.
„Многу работа за ништо, но многу пријатно искуство, не одам често на судови. Прекрасни дами, убаво ги поминавме тие 10, 15 минути“, рече таа.