Поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Сенијад Ибричиќ неодамна ја изненади јавноста со сосема нов имиџ. Имено, Ибричиќ одлучил да направи трансплантација на коса, а резултатот е импресивен бидејќи сега изгледа многу помладо.

Тој објави и неколку фотографии на својот Инстаграм, а на последната најдобро се гледа промената на поранешниот фудбалер кој уште во младоста имал проблеми со опаѓање на косата.

Инаку, трендот на трансплантација на коса во последните години стана популарен меѓу фудбалерите и фудбалската фела, па така меѓу другите се одлучија Миралем Пјаниќ, Славен Билиќ, Вејн Руни.

Ибричиќ беше во центарот на вниманието и на крајот на мај кога на мечот со Домжале, чиј спортски директор е тој, доби шлаканица од тренерот на Радомље во Словенија.

На крајот тренерот на Радомље, Оливер Богатинов, поради недолично однесување е казнет со 700 евра и суспензија на четири натпревари.