За енормно скапата живеачка не треба многу да се зборува, доволно е да се направи обиколка низ маркетите и пазарите каде цените се драстично зголемени. Капак на се е што по традиција пред голем празник, како што е Велигден, цените дополнително се корегираат нагоре. Граѓаните се жалат, трговците тријат раце, анализира телевизија Алфа во својот денешен прилог.

Цената на јајцата, месото и маслото за јадење традиционално најскапи во пресрет на Велигденските празници. Дека тоа е така, доволно е само да се направи обиколка низ зелените пазари и маркети, каде може да се види дека се заминало на горе. Велигденската трпеза годинава по се изгледа ќе биде многу „посолена“ за разлика од лани.

– Табла јајца се продава и по цена од 300 денари, јагнешкото месо оди околу 450 денари за килограм. Доматите се продаваат од 160 до 200 денари, краставиците надминаа 100 денари, килограм зелка 35, марулата 30 денари, додека пак малдиот компир чини 90 денари за килограм.

Граѓаните реагираат, но бадијала, велат денот е таков и мора да се купи од се по малку, односно колку дозволува џебот.

– Се е поскапено, мислам дека оваа година е најскапо до сега. Мислам дека за овој ден треба да се има од се по малку на трепезата, јес да е може и најскапо до сега, но тоа е што е, мора да се издржи, велат граѓаните за Алфа.

Трговците тријат раце. Признаваат дека сите производи драстично поскапеле. Велат увозната цена била висока, а високи биле и домашните цени, односно на овошјето и зеленчукот.

– Прзанаваме дека оваа година, посебно овој период се поскапо. И производите што ги купуваме ги земаме со многу повисока цена, па затоа ги продаваме поскапо, а граѓаните во право се што се жалат, ама тоа е, нема што да се прави, велат пазарџиите за Алфа.
Од агенцијата за храна и ветеринарство велат дека вршат засилени инспекциски контроли, посебнп во продажбата на јајца, со цел спречување на продажба на небезбедни производи на пазарот.

Дека храната е луксуз покажа и државната статистика, каде за една година забележа поскапување за 11%.

Инаку, празничното поскапување е само дополнителен удар врз џебот на граѓаните кои секојденвно се соочуваат со високи цени во маркетите, кои не знаат како да закрпат крај со крај.