Летото само што започна календарски, а Шпанија и Португалија веќе мака мачат со екстремно високите температури.

Најтопло со денови е над Пиринејскиот Полуостров, како дел од африканскиот антициклон и високиот воздушен притисок, кои предизвикуваат ведро и топло време.

Температурите во саботата веќе надминаа 40°С. Вчера и денеска се врвот на високите температури за време на овој топлотен бран. Низ Шпанија вчера се движеа од 35 до 40 степени Целзиусови на надморска височина од 500 до 1.000 метри.

Најтопло беше во континенталниот дел на јужна Шпанија, односно во Андалузија, со температури до 45°C, а најтопол град беше Севиља со 45°C. Во Кордоба се измерени 44°C. Станува збор за температури на воздухот во сенка, кои на сонце се повисоки за околу 15 степени.

Топлотниот бран ги зафати источниот и југоисточниот дел на Португалија, со температури до 43°C, додека температурите се пониски во другите делови на земјата.

Во последните децении, Шпанија се повеќе се бори со подолготрајни топлотни бранови, со температури на југот на земјата до 47°C, а вредностите од 40°C често се забележуваат од крајот на април до октомври.

Изминативе денови во Пекинг се забележани температури од 40 степени, што е највисока од почетокот на мерењата во овој период.