Една од најпознатите манекенки од Босна и Херцеговина, Ана Марија Јуришиќ, реши да одговори на голем број прашања кои ги интересираат нејзините следбеници на Инстаграм. Taка откри дека моментално престојува во Сараево и дека е сингл.

„Не излегувам со мажи, но ниту со жени, да бидеме на чисто. Само со најблиските пријатели“, вели Ана Марија.

„Слава, кариера и пари или среќен и задоволен брак со просечен тип?“, праша еден следбеник.

„Пред пет години би рекла првата опција, сега дефинитивно втората!!!“, одговори манекенката од Кисељак и откри дека имала 7 операции, некои од естетски, а некои од здравствени причини.