Во Србија еколошки активисти и граѓани го блокираа сообраќајот во повеќе градови поради донесените закони за референдум и експропријација.
Полициските сили во полна опрема ги блокираа дел од демонтрантите на улицата Књез Милош Во Белград, не дозволувајќи им да стигнат до мостот „Газела“, но дел од граѓаните сепак го запреа сообраќајот.
За време на блокадата имаше турканици и судири со полицијата во Белград и Нови Сад. Патиштата низ државата беа стопирани веќе еден час.
На Твитер се појави вознемирувачко видео на кое полицаец фрла жена преку банкина.
Strašnooooooooo !!!!!!!!!!! pic.twitter.com/kBimpDm5pW
— Milorad Savic (@MiloradSavic16) November 27, 2021