Навивачот на Партизан, Никола Бјељац почина како последица на коронавирус, а последниот пост му го посвети на својот сакан клуб.

Фудбалерите на Партизан претрпеа пораз од Флора на гостувањето во Талин во петтото коло од групната фаза на Конференциската лига, но црно-белите после тоа загубија многу повеќе од три бода. Еден од најверните навивачи на белградскиот великан – Никола Бјељац почина како последица на коронавирусот.

Последната објава на Никола на Фејсбук, која е поврзана со гостувањето на Партизан во Естонија, потврдува колкава е љубовта кон клубот. Црно-белиот навивач му посака среќа на саканиот клуб во Естонија и понуди „воздух, ако треба“.

– Партизане, ако вечерва ти снема кислород, само јави… ако не можеш да победиш вечерва, не е важно… Следниот пат ќе победиш… – напиша Бјељац.