Младиот поштар од Црна Гора, Милош Стаматовиќ (25), жител на Даниловград, мистериозно исчезна во декември 2022 година кога тргнал да ги исплати пензиите со вкупно 15.000 евра.
По овој млад човек активно се трагаше три дена, по што тој беше пронајден во коритото во Ботун со, како што објавија тогаш цррногорските медиуми, врзани раце. Пронајден е и неговиот автомобил, во кој се пронајдени меѓу две и три илјади евра, што го наметнува прашањето: „Каде отидоа преостанатите 13.000 евра?“.
Стаматовиќ кобниот ден дошол на работа и ги зел парите наменети за пензии. Излегол од компанијата, а колегите забележале дека го нема бидејќи не се појавил да ја заврши смената.
Во автомобилот што го управувал младиот човек биле пронајдени само меѓу две и три илјади евра. Но, и покрај овој факт, Вишото државно обвинителство во Подгорица соопшти дека не постои основано сомнение дека некое лице сторило какво било кривично дело за кое би се покренала постапка по службена должност.
– Обдукцискиот извештај од Даниловград покажа дека давење е причина за смртта на младиот човек – соопшти тогаш обвинителството.
Од ова може да се заклучи дека младиот човек не бил убиен, туку извршил самоубиство, но многу прашања засега остануваат неодговорени – каде се парите што тој ден младиот поштар ги понел со себе и како Стаматовиќ успеал да си ги врзе рацете.