Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ е депортиран од Австралија, а тоа предизвика револт кај неговите фанови.
На социјалните мрежи се споделува фотографија на која се гледа перниче со натпис „Австралија“ и извезен кенгур фрлен покрај контејнер.
Утринава, австралискиот федерален суд ја потврди одлуката на Алекс Хок, министерот за миграција во Австралија, да му ја укине визата на Новак, по што тој само за неколку часа мораше да го напушти Мелбурн, а со тоа му беше одземена одбраната на титулата, с доведено во прашање му е и првото место на АТП листата.