Смртта на малата Јана во битолската болница, повторно го отвори прашањето за функционалноста и поврзаноста во македонскиот здравствен систем.
„Код“ во вечерашната емисија потсетува на големите здравствени промашувања кои се случуваа, а преку посебна сторија ја раскажува и приказната за лекувањето на 46-годишниот колега, медиумски работник и монтажер, Владимир Анѓелов.
Лани во септември му се појавиле отоци на нозете, на крајот на ноември му е поставена дијагноза од 100-процентно уништен црн дроб, а умира на почетокот на оваа година. Неговата сопруга тврди дека никогаш не им било посочено дека состојбата е ризична по живот и дека треба да го забрзаат процесот за трансплантација, за да се спаси.
Надлежните одговорија дека се почитувани сите протоколи и преземено е се, за здравствена и медицинска грижа.
Сторијата за смртта на Владимир Анѓелов, се емитуваше вечерва во КОД.