66-годишен Португалец убил тројца луѓе во кавга за одгледување гулаби, по што извршил самоубиство, пренесува „Дојче Веле“.
Пукањето се случило во сиромашен дел од градот Сетубал, на околу 50 километри од Лисабон. Групата луѓе се скарале за одгледување тркачки гулаби и за нелегална градина со зеленчук, јавуваат локалните медиуми.
Еден од нив потоа извадил пиштол и почнал да пука кон жртвите, по што си го одзел животот. Полицискиот комесар во Сетубал, Андреја Гонсалвес, го опиша крвавиот инцидент како „изолиран случај“.