Казнети се 16 маркети бидејќи не го продавале белиот леб, зејтинот и брашното тип 400 по набавна цена. Од нив 7 се големи маркети во Скопје, за кои казната е 7.000 евра за правното лице, а 350 евра за одговорното лице.

Кај 17 маркети воопшто не можело да се провери дали ја почитуваат владината одлука, затоа што не ја чувале евиденцијата за набавките во објектот. Но, и тоа е казниво дело, и тие се казнети со по 60 до 800 евра. Контролите продолжуваат.

Министерот за економија Крешник Бектеши бара од инспекторите да казнуваат за нечесно пазарно однесување во време на криза.

За време на викендот, маслото за јадење се продаваше со различни цени низ маркетите во земјава.

Профитните маржи за основните производи се намалуваат кај трговијата на големо од 10 на 4 и кај трговијата на мало од 5 на 3 отсто. На листата на производи повеќе не е вклучено овошјето и зеленчукот. Мерката ќе важи за шеќерот, трајното кравјо млеко, свежо месо, сирење, урдата, македонскиот ориз, јајца, шпагети и макарони и тоа до 31 мај.