Келнерот Марио нашол начин преку кој тајно земал пари од ресторанот во кој работел две години.

Кога конечно го откриле, сфатиле дека 28-годишниот келнер ставил во џеб околу 20.000 евра. Против него деновиве беше покренато обвинение.

Според обвинението, се се случувало во 2021 и 2022 година во ресторанот „Уно“ во Славонски Брод. Во тој период Марио издал вкупно 326 сметко „кои лажно ги претставувал дека се наплатувани со картичка“.

„Но, тие износи ги наплатил во готовина, кои не ги предал на благајната, туку неоправдано ги задржал за себе, при што го оштетил трговското друштво за 19.497 евра и во истиот износ остварил противправна финансиска корист“, наведуваат обвинителите.

Марио во полиција признал што направил, но во текот на истрагата се бранел молчејќи. Исчезнувањето на парите од книговодството го приметиле дури во септември 2022 година кога „забележале дека нешто не е во ред со плаќањето со картичка во ресторанот Уно“.

Анализите на издадените сметки и снимките од надзорните камери го открија осомничениот. Тоа бил келнерот Марио кој со „бизнис моделот“ што го смислил секој месец во просек заработувал по околу 1.000 евра.

Секој месец, значи, фалсификувал околу 16 сметки од кои секоја била во вредност од околу 60 евра. Доколку биде прогласен за виновен, ќе мора со камата да врати се на ресторанот. И плус ќе треба да плати 1.300 евра во кривична постапка.