Градоначалникот на Киев и поранешен шампион во бокс, Виталиј Кличко, во интервју за „Асошиејтед прес“ (АП) рече дека градот сега е целосно опколен од руските сили.

Кличко беше прашан дали има планови за евакуација на цивили доколку руските трупи го окупираат главниот град.

„Не можеме да го направиме тоа бидејќи сите патишта се блокирани“, рече тој. „Во моментов сме опколени“.

„Ние сме на работ на хуманитарна катастрофа– моментално имаме струја, моментално имаме вода и парно во нашите куќи. Но, инфраструктурата за испорака на храна и лекови е уништена. Затоа пораката за сите е: поддржете ја украина заедно… ние сме силни – изјавил Кличко..

И вечерва во Киев се слушаат сирени кои сигнализираат за опасност од воздушни напади.

Во попладневните часови беше објавено дека двете страни се согласиле на преговори.

„Се договоривме наша делегација да се сретне со руска делегација на украинско-белоруската граница, во близина на реката Припјат, без предуслови. Александар Лукашенко ја презеде одговорноста да ги обезбеди сите мерки“, посочи на социјалните мрежи, претседателот на Украина, Володомир Зеленски.