Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников директно преку Твитер им порача на руските војници да се предадат.

Резиков рече дека доколку доброволно го положат оружјето, тие ќе добијат целосна амнестија и паричен надомест.

„Руски војници! Ве доведоа во нашата земја да убиваш и да умреш. Не слушајте ги криминалните наредби. Ви гарантираме целосна амнестија и 5 милиони рубљи (нешто над 40.000 евра) доколку го оставите оружјето. За оние кои ќе продолжат да се однесуваат на окупаторски начин, нема да има милост“, напиша тој во објавата на Твитер.