(ФБ статус на Кираца Трајковска) Професорке Ноколоска,воопшто немаше да коментирам на вашето излагање доколку беше во теоретска смисла за психолошкиот профил за родители кои превземаат било какви мондтруозни дејствија кон своите деца. Но да се дрзнете да изнесувате тешки навреди за таткото на Вања, а воопшто не го познавате а најмалку пак сте сигурни во ” стореното дело” ?
Дали сте се прашале дали таткото воопшто некогаш испил капка алкохол, се коцкал , каков родител бил ( прекрасен), имал ли потреба од финансиски средства ( на имот кој го поседува), дали воопшто го познавал или бил во контакт со “убиецот или нарачателот на убиството”, и.т.н ……и.т.н.
Дали се прашавте ( ако се докаже невиноста, во што сум сигурна) дека тој татко , покрај изгубеното чедо, има уште едно чедо и како вашите а и паушалните коментари на останатите душебризници ќе влијаат на нејзиниот понатамошен живот а и останатите членови од неговото семејство !!?
Кога гостувате во ТВ емисии каде ве следат илјадници гледачи, ако сакате да бидете вистински професионалци , должни сте да се припремите со релевантни докази а не да користите непроверени факти, изнесени во “разно разни ” коментари од удобните фотелји, на социјалните мрежи.
Професорке дали се прашавте дека ” истурените перја тешко дека ќе се соберат” Болно, болно до коска “професорке” за мене и за сите нас што соработувавме, го познававме и сеуште го познаваме ТАТКОТО.
Јаз’к, …., јаз’к на професију , што би рекле мои кумановци