Помладиот син на криминалецот Јован Грузијан- Цунер, наводно направил инцидент на настапот на Јелена Карлеуша во белградскиот но
ен клуб „Касина“. јавуваат српските медиуми.

Според медиумите, Марко Грузијан Цунер во еден момент и се „закачич“ на Јелена Карлеуша, се качил на бината и сакал да танцува со неа. Пејачката веднаш повикала обезбедување, а тој бил исфрлен од клубот.

Марко им се обратил на вработените со зборовите „Ќе видите вие кој сум“, а потоа седнал во „аудито“ и демолирал неколку излози околу локалот.

Малиот Цунер доста рано тргна по стапките на својот татко. Како дете имал можност да запознае опасни момци, кои биле поврзани со тешки злосторства. Тој има дебело криминално досие, а се наведува дека е обвинет за двојно убиство, но и за киднапирање и мачење на Златко Л. во август 2016 година, набргу по излегувањето од малолетничкиот затвор.

Марко се „прослави“ откако на 14 април 2007 година, на 16 години, во пекарата Уно во Земун ги уби Зоран Димитријевиќ (51) и неговиот син Александар (22). За ова дело тој беше осуден на осум години малолетнички затвор.

Тој има и постар брат Петар Грузијан, кој неколку пати беше апсен, а последен пат на почетокот на 2017 година, поради обидот за убиство на Драган Миладиновиќ Гагец. Нивниот татко, Јован Грузијан Чунер, водачот на старата Земунска група, беше убиен од нова екипа од Земун на 5 октомври 2002 година, во близина на автопат, по наредба на Душан Спасојевиќ викан Шиптар.

Да потсетиме, за време на настапот на Јелена Карлеуша околу два часот по полноќ, на бината се искачил малиот Цунер сакајќи да танцува со пејачката. Но, на нејзин повик дошло обезбедувањето на „Касина“ и го извело надвор пред клубот.

Потоа со автомобил дошол од правец на улицата Нушиќева, при што направил материјална штета на повеќе објекти. Искршени се стаклени прозорци и врата од детектор за метал на влезот во ресторанот, жардињера, заштитна ограда.

📸

📸

📸