Две лица загинаа во пожарот што избувна на една викендица во централна Хрватска во близина на градот Бјеловар, јавуваат хрватските медиуми.

Несреќата се случила вчера вечер (ноќта сабота кон недела) во населбата Пуричани во близина на Бјеловар. Според првичните неофицијални информации во пожарот загинале две лица, соопштуваат полициски извори.

Порталот bjelovar.live без да се повика на извор, пишува дека загинале две млади лица на возраст од околу 20 години.

Причината за пожарот треба да се знае по полициската истрага предводена од Лариса Керекеш од државното обвинителство.