Меѓу оние кои нелегално добиле пасош со украдени лични податоци е и Фуад Јусуф, учесник во разбојничката кражба на транспорт на пари на Пошти во 2008-ма.

Иако е бегалец со меѓународна потерница, Јусуф успеал да извади пасош на туѓо име во управните служби на МВР каде врие од полицајци и службеници. Бразилка- шефица на криминална група, но и Англичанец од Ливерпул од листата најбарани британски криминалци успеале да си купат чист македонски пасош, покажува обвинението кое го анализира вечерашното издание на КОД.

А вработените во пасошко со признание и без парични казни успеаја да се извлечат од огромниот скандал со казни под 2 и пол години затвор.