Насра Али Абукар стана хит на интернет, добивајќи го прекарот „најбавна спринтерка во историјата“ по катастрофалниот настап што оваа атлетичарка од Сомалија го имаше на Светските универзитетски игри во Ченгду, Кина.

Аали Абукар ја претрча делницата од 100 метри за неверојатни 21,81 секунда, десетина секунди послабо време од останатите атлетичарки од нејзината трка.

И додека многумина се прашуваат зошто Сомалија би испратила вака аматерска натпреварувачка на Игрите во Ченгду, одредени извори тврдат дека таа е внука на потпретседателот на Атлетската федерација во државата, Кадје Адан Дахир.