Една од најубавите актерки во светот, Софија Вергара го прославила Денот на благодарноста во друштво на роднини и пријатели. На својот „Инстаграм“ профил, атрактивната Колумбијка споделила видео на кое заводливо танцува со внуките Клаудија и Вероника.

„Среќен ден на благодарноста“, напишала Софија покрај видеото кое за само неколку часа собрало над 200.000 лајкови. Следбениците им упатиле бројни комплименти во коментари и порачале дека се благодарни за ова видео.

Инаку, 31-годишната Клаудија многумина ја нарекуваат „сестра близначка“ поради нејзината неверојатна сличност со познатата актерка.

Клаудија е ќерка на постариот брат на Софија, Рафаел, кој бил убиен пред 20 години, а поради сличноста со популарната Колумбијка стекнала голема популарност на социјалните мрежи.

View this post on Instagram

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)