Полицијата на Словачка на својот официјален фејсбук-профил објави приказна за 11-годишно момче од Запорожје кое бегајќи од војната успеало да ја напушти Украина без никаква придружба.

„Со една пластична кеса, пасош и испишан телефонски број на раката пристигна сосема сам, бидејќи родителите морале да останат“, пишува во објавата.

Волонтерите веднаш се погрижиле за него, го однеле на топло и му обезбедиле храна и пијалоци кои му ги спакувале за по пат.

„Сите ги освои со насмевката, храброста и одлучноста, особини достојни за вистински херој“, велат словенечките власти.

Благодарение на бројот испишан на раката, веднаш биле контактирани роднините на момчето и истото е згрижено кај нив.

Според податоците на Обединетите нации, изминатите десет дена од Украина побегнале повеќе од 1,5 милиони луѓе.

📷

📷

📷

📷

📷