Во 1941 година македонскиот поет и револуционер Коле Неделковски, за да не се предаде жив во рацете на бугарската полиција, фрли бомба и се самоу би, фрлајќи се на улица низ прозорецот од својата соба. Живееше во стан на шести кат во Софија. Во тој период Неделковски беше член на една диверзантска група. Најпознати негови дела се збирките песни „Молскавици“ и „Пеш по светот“. Роден е во селото Војница, Велешко, на 16 декември 1912 година.

Во август 1941 година излегла од печат збирката песни „Пеш по светот“, а дванаесет дена подоцна, Неделковски бил откриен од полицијата како разнесувач на летоци. На 2 септември 1941 година, полицијата ја блокирала шесткатната зграда во која живеел. Сиот материјал што можел да ги компромитира неговите другари, Неделковски го уништил, давајќи им оружен отпор на прогонителите. А кога веќе немало надеж за спас, тој се фрлил од прозорецот на својата мансарда на тротоарот на улицата и така погинал.

Постојат сомнежи во врска со тоа дали бил Неделковски бил фрлен од полицајците или пак самиот скокнал преку прозорецот на неговата соба. Сведоците на настанот потврдиле само дека слушнале експлозија на бомба во зградата, а потоа виделе како Неделковски паѓа на плочникот. По Втората светска војна, на местото на настанот била поставена спомен-плоча, која подоцна исчезнала.

Последниот ден од животот на Неделковски го опишал неговиот другар Волче Наумчевски: На 1 септември вечерта, во мансардата во која живеел Наумчевски пристигнале четворица: еден студент од Чехословачка, Коста Рацин (изморен, облечен во рабонтичка облека), еден студент од Кукуш и самиот Наумчевски. Подоцна, околу полноќ дошол и Коле Неделковски, кој го разбудил студентот Атанас од Кукуш, а почнал да го буди и Рацин, но Наумчевски го спречил во тоа и му предложил Рацин да остане во мансардата, зашто бил многу уморен. Околу 4 часот изутрината, на 2 септември, полицијата почнала да тропа по вратите на становите на мансардата при што се слушале викотници, трчање по скалите, кршење врати, а потоа и детонација.

Кога се разденило, во станот на Наумчевски дошла полицијата и сите присутни слегле долу и полицијата ги наредила на еден ѕид. Неделковски лежел на тротоарот, мртов, покриен со ќебе, а крвта сè уште течела по него. Наумчевски и Рацин се погледнале и тивко си шепнале: „Збогум, Коле!“ Неколку дена по овој настан, Наумчевски успеал да влезе во собата на Неделковски и оттаму зел две книги – една на Пушкин и една на Лермонтов – натопени со крвта на Неделковски, но подоцна тие биле уништени.