Мртво машко новороденче е пронајдено денеска во подгоричката населба Блок 9, соопштија од полицијата.

„Извршена е увид на лице место. Преземаме понатамошни дејствија“, велат од полицијата.

Медиумите наведуваат дека вреќата во која се наоѓало телото на новороденчето наводно ја пронашол работник на „Чистоќа“ додека чистел корпа за отпадоци.

Најпрво, според неофицијални информации, „помислил дека е кукла“. Веднаш ја известил полицијата.

Надлежниот обвинител нареди обдукција на телото на новороденчето.