Во последните 24 часа се направени 6.256 тестирањa, а регистрирани се 1.158 нови случаи на КОВИД-19:

• Скопје – 353 • Гостивар – 216 • Тетово – 122 • Кичево – 71 • Струмица – 69 • Куманово – 57 • Струга – 42 • Охрид – 30 • Кавадарци – 26 • Дебар – 20 • Прилеп – 19 • Штип – 15 • Битола, Велес и Гевгелија – по 13 • Кочани и Ресен – по 10 • Свети Николе – 9 • Кратово – 8 • Пробиштип и Македонски Брод – по 6 • Богданци – 5
• Берово и Виница – по 4 • Радовиш и Делчево – по 3 • Валандово, Демир Хисар и Пехчево – по 2 • Неготино, Крива Паланка, Крушево, Демир Капија и Дојран – по 1.

Пријавени се 19 починати лица: по 6 починати лица од Тетово (54г,65г,74г,74г,79г и 84г), по 5 починати лица од Гостивар(66г,66г,67г,69г и 71г), по 3 починати лица од Куманово (54г,78г и 85г) и по едно починато лице од Скопје (61г), Струмица(54г), Струга (60г), Свети Николе (83г) и Валандово (85г). Од починатите лица 18 пациенти се починати во болнички услови, а еден пациент е починат дома.

Регистрирани сe 166 оздравени пациент од:

• Скопје – 39 • Тетово – 38 • Кичево – 16 • Куманово – 13 • Гостивар и Струмица – по 10 • Кавадарци – 6 • Битола, Велес, Берово и Дебар – по 5 • Прилеп, Кочани, Македонски Брод и Пехчево – по 2 • Охрид, Ресен, Радовиш, Делчево, Виница и Демир Капија – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.086.075 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 165.684, бројката на оздравени пациенти е 151.401, на починати е 5.608, а бројот на активни случаи изнесува 8.675.