Додека српската јавност нетрпеливо чека какви било информации од истрагата, портпаролот на виенската полиција Маркус Дитрих зборуваше за австриски „Клајн цајтунг“ велејќи дека „истрагата интензивно се води и дека криминалистичкиот оддел добро напредува“.
– Не можеме со 100% сигурност да кажеме дали на снимката е исчезнатото девојче, изјави попладнево за Клајн Цајтунг портпаролот на виенската полиција Маркус Дитрих, демантирајќи ги медиумските извештаи кои го тврдат спротивното.
Како што наведе тој, полицијата се уште се обидува да го потврди идентитетот на девојчето од видеото со помош на достапната технологија.
Дитрих вели дека човекот кој го направил видеото е сослушан и во моментов нема други сведоци. Приоритет на полицијата е да го пронајде девојчето од видеото и двете лица од видеото.
– Истрагата интензивно се спроведува и криминалистичкото одделение добро напредува. Штом имаме нови информации, веднаш ќе ја информираме јавноста, изјави Дитрих.