Турција денеска забележа 12.381 нови случаи на коронавирус, што е најголем број на дневни инфекции од средината на мај, а бројот е скоро тројно зголемен од почетокот на јули, според бројките на турското Министерство за здравство.

Се додава дека 58 лица починале од вирусот корона, објави Ројтерс.

Бројот на заразени е сè уште далеку под бранот што ја погоди Турција во текот на април и мај, кога имаше повеќе од 60.000 заразени на дневна основа.

Бројот падна на 4.418 на почетокот на јули, по успешното и многу остро „заклучување“, но повеќето рестриктивни мерки беа укинати оваа недела.