Уредот за сузбивање на корупција и организиран криминалитет (УСКОК) на Р.Хрватска поднесе обвинителен акт против три лица за примање и давање поткуп. Еден од нив е полицаец (50).
Според обвинението, полицаецот минатата година извршил кривична истрага во Сплит поради незаконитост во работењето на фирмата и нејзината директорка (56). Потоа побарал од членот на управниот одбор на фирмата (69) да му даде исечени камени плочи, за фирмата и директорката како одговорно лице да немаат проблеми со полицијата.
Директорката се согласила и го нарачала каменот и неговото сечење на плочи од друга фирма. Потоа, по претходен договор, членот на одборот (69) организирал испорака на три палети камени плочи во вредност од 2100 евра, кои му биле доставени на полицаецот.
Истовремено, во ресторан во Сплит, полицискиот инспектор за криминал со непознати лица конзумирал храна и пијалоци во вредност од околу 1.900 евра, а на вработените во ресторанот им наредил да издаваат фактури на фирмата на директорката.
Но, таа одбила да ги плати сметките, по што се’ се искомплицирало. Колегите на полицаецот дознале за се’ и покренале истрага. Му се заканува неколкугодишна затворска казна.