Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала е почувствуван утрово во Словенија, кај Љутомер, на 40 километри од Марибор. Земјотресот е почувствуван и во Хрватска во близина на границата со Словенија, јавува 24сата.
Земјотресот ги разбуди Словенците на божиќното утро. Според првите информации од ЕМСЦ, земјотресот бил со јачина од 4,2 степени, а подоцна е сменет на 3,8.
Бројни граѓани веќе ја покриа апликацијата со коментари.
„Добро се тресеше“, пишува еден.
-Креветот многу ми се тресеше, скокнав на нозе, не знаев што се случува – пренесува друг.