Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Б.А.(36), кој моментално е на издржување казна затвор, И.З.(47) и А.М.(51), сите од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторени три кривични дела ,,измама”.

Пријавените, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, со лажно прикажување и прикривање на факти, довеле во заблуда лица од Делчево, од с.Град, делчевско и од Македонска Каменица, кои биле оштетени за одредена сума на пари.