Во судир на неколку возила во местото Дуги Рат на патот Д8 на Јадранската магистрала во Хрватска ноќеска по полноќ, повредени се 15 лица кои се пренесени во Итната помош на КБЦ Сплит за укажување лекарска помош, извести сплитската полиција.

Според полицискиот извештај, оваа тешка сообраќајна несреќа се случила околу 00:30 часот, а во неа учествувале два автомобили и едно комбе.

Магистралата Д8 или попозната како Јадранска е целосно затворена поради истрага, извести полицијата. Сообраќајот од правец на Сплит и Омиш се водеше преку местото Гат.