Иако мислењата за тетоважите се поделени, мора да признаеме дека овој тренд зеде замав последниве години, а кон тоа се придружи и Крстиња Тодоровиќ.
Популарната финалистка на „Ѕвездите на Гранд“, по драстичната трансформација и големото слабеење, одлучи да го украси своето тело со првата тетоважа.
– Ова е мојата прва тетоважа, многу специјална за мене и симболизира нешто што многу ми значи лично. V како прва буква од името на мајка ми и крилја на ангел бидејќи сега е меѓу нив, објасни Крстиња за Гранд Онлајн.