На социјалните мрежи постојано се појавуваат информации од незадоволни купувачи кои купиле производ во продавницата на кој одамна му е истечен рокот на употреба.
Овој пат нов случај во Хрватска, на Фејсбук страницата на здружението на потрошувачи „Ало,инспекторе“. Лут купувач од Риека се пожалил дека купил сок во Плодине на кој рокот на траење му истекол пред повеќе од половина година.
„Работам во продавница. Повеќе од 32 години. А за мене рокот на траење на производот отсекогаш бил многу важен! Основна работа за прехранбени производи. Но, ете, и мене ми се случи она што иритира многу мои колеги додека се на работа во една од илјадниците продавници низ Хрватска.
Во Плодине, во ЗТЦ Риека, купив 2-литарска Zero Sugar Fizzy Cola на која ѝ исрекол рокот пред половина година! Сепак, јас добро поминав затоа што не поминаа ни седум месеци, би рекле некои саркастично.
И не испив повеќе од една добра голтка. Искрено, дури тогаш забележав дека нешто не е во ред: вкусот беше благ, ниту грам карбонизација. А кога погледнав малку поблиску, видов и дека бојата на сокот е како валкана вода.
Знам, нема да умрам од една голтка. А да испиев повеќе… Ама ајде луѓе мои, сок денес, јогурт утре, салама или нешто друго задутре. Колку долго? Дајте малку повеќе одговорност колеги, реагира купувачот.
Вели дека пријавил во Плодине и сега чека одговор, пишува на страницата „Ало инспекторе“.