Лажна вест дека руските сили го егзекутирале албанскиот војник Емануел Базањи во Киев се прошири преку Твитер, објави албанската телевизија „Топ ченел“. Новинарот Мухамед Велиу, денеска разговарал со Емануел, кој рекол дека ова е невистинита вест.

„Мухамед, бидејќи сум нервозен и под стрес, нека пишуваат што сакаат, кога ќе заврши оваа војна ќе погледнам се што пишуваат“, рече тој.

Базањи целосно доброволно, преку лична и приватна иницијатива, се приклучил на украинската војска и се позиционирал во одбрана на Киев.

“Добро сум. Жив сум…. “, е неговиот одговор.

Емануел понатаму кажува што се случува во воената единица каде што служи како дел од Грузиската легија.

„Денес бевме бомбардирани од воздух и хеликоптер“, пишува Емануел, кој истакнува дека е во опасна ситуација.

Нивниот разговор на Whats Up, вели новинарот Мухамед Велиу, не можел да продолжи.

Емануел вели дека мора да го исклучи телефонот бидејќи ГПС системот на „паметниот“ телефон може да им послужи на Русите во идентификацијата на локацијата.

Според украинските разузнавачки извори, цитирани од весникот „Украинска правда“, руската воена офанзива за окупација на Киев се состои од уништување одбранбени точки на влезот во главниот град, преземање контрола на аеродромот, уништување предаватели на струја што предизвикува паника, масовен сајбер напад врз целата влада и „онлајн“ страници, блокирајќи ги автопатите за да се спречи преминот на воените бегалци и украинските воени копнени сили.

Главната цел на рускиот напад е да ги стави владините згради под контрола. Додека последната и главна цел за армијата на Владимир Путим е да ги фати лидерите на Украина.