Ксенија Вучиќ (56), позната новинарка и првата сопруга на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ненадејно почина денеска на 56-годишна возраст во Белград. Тажната вест за нејзината смрт ја потврди и Александар Вучиќ на својот Инстаграм профил.
– Вечерва во Белград ненадејно на 56-годишна возраст почина Ксенија Вучиќ, мајка на нашите две деца Данило и Милица и мојата прва сопруга – напиша српскиот претседател.
Ксенија зад себе остави две деца, а пред само три години гостуваше во култната емисија „Магазин ин“, кога на Сања Маринковиќ и ја отвори душата за тешкиот период од животот.
Ксенија Вучиќ изјави дека во најубавите години од животот сфатила дека нема повеќе време за некои луѓе и работи, бидејќи, како што вели, завршила во болница.
– Тоа го сфатив преку прилично болно искуство. Болницата беше во прашање, да не должам многу… Едно време лебдев меѓу животот и смртта – изјавила таа во споменатата емисија.
– Имав време тогаш да сменам некои приоритетни листи и многу да ги преуредувам. И тоа е тоа. После тоа се чувствувам многу подобро – изјави Ксенија Вучиќ во „Магазин ин“.
Ксенија Вучиќ е родена во Белград, а со новинарство се занимавала долги години. Пред да почне да ја уредува и води емисијата „Правац“ на телевизија „Пинк“, Ксенија Вучиќ работеше во магазинот „Српска реч“, радио „Фокус“ и радио „Индекс“, како и во телевизијата „Студио Б“.
Откако ги роди Данило и Милица, Ксенија се повлече од српската медиумска сцена, а потоа се префрли на ТВ „Пинк“ каде ја водеше емисијата „Правац“. За директор на кабелскиот канал „Пинк 3“ е избрана во 2015 година.
Таа направи интервјуа со бројни домашни и странски политичари и познати личности, како Ведрана Рудан, Ивица Дачиќ, Чедомир Јовановиќ, Ненад Чанко, Еди Рама, Никола Груевски …
Александар и Ксенија се венчаа во 1997 година во Нови Сад. Истата година Ксенија го роди синот Данило, а во 2002 година ја добија ќерката Милица.
Ксенија Вучиќ беше особено горда на своите деца Данило и Милица, а кога во емисијата „Магазин ин“ на ТВ Пинк за прв пат јавно проговори за синот, ги воодушеви сите гледачи.
– Многу сум горда на една работа, а тоа е што успеав од него да направам нежен маж, за што, се надевам, еден ден една млада дама ќе ми биде благодарна – изјави тогаш Ксенија.
Како што објави Александар Вучиќ на Инстаграм, семејството и пријателите ќе бидат информирани за местото и датумот на погребот на Ксенија Вучиќ.