Во кинеската компанија „Минт“ во српскиот град Лозница, која се наоѓа во индустриската зона Шепак, настрадл вработен, кинески државјанин, јавуваат вечерва српските медиуми.
Според неофицијални информации, станува збор за работник кој се обидел да поправи дефект на лифтот, кој случајно го згмечил.
Лекарите од Здравствениот дом Лозница, кои набргу пристигнале, се обиделе со реанимација, но на крајот можеле само да констатираат смрт.