Кумановската полиција уапси 27 годишен кумановец кој се сомничи дека извршил тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, соопшти денеска СВР Куманово.

– Вчера во 11:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, го лишиле од слобода М.З.(27) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 300 став 1 од Кривичниот законик – „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“-соопштија од СВР Куманово.

Тој бил спроведен во Основен суд Куманово за понатамошна постапка.