Селекторот на холандската репрезентација и легендарен тренер на Ајакс, Луј ван Гал, денеска гостуваше во една холандска телевизија и во програма во живо објави дека боледува од агресивен облик на канцер на простата и веќе извесно време се лекува и се бори со малигна болест.

Ван Гал веќе направил 25 циклуси на зрачење, но не сакаше порано да објави дека му се слошило за болеста да не ги погоди играчите на натпреварите кои неодамна ги водеше.

Неодамна Ван Гал отсуствуваше од националниот тим поради здравствени причини, но тогаш 70-годишниот стратег падна од велосипед и го повреди колкот. Операција не беше потребна, но тој се движеше со помош на патерици или со инвалидска количка. Тоа се случи пред решавачкиот квалификациски натпревар за Светското првенство во Ротердам против Норвешка.