Денеска на 79-годишна возраст почина тетовската фудбалска легенда Серафим Вучески-Саре, голман во ФК Тетекс и ФК Љуботен.

И во својата тренерска кариера беше дел од двата тетовски фудбалски клубови како тренер на голманите, но и како шеф на стручен штаб.

-Беше во нашиот ФК Љуботен како шеф на стручниот штаб во дел од најтешките моменти, информираа од клубот денеска.

Годинава на годишнината на ФК Тетекс ја доби наградата за животно дело. Бате Саре, како што беше познат во тетовската јавност, е роден на 19 јули 1943 година.