Илија Богдановиќ од Цетиње е убиен синоќа во градската населба Пријестоница дваесет минути по полноќ. Полициската управа соопшти дека тој е убиен на улицата Војвода Божа, објавија утрово црногорските медиуми.
Употребено е огнено оружје од страна на непознато лице во правец на оштетениот И.Б.(39), кој во тој момент управувал возило заедно со неговата сопруга, по што И.Б од повредите починал во болница во Цетиње, додека неговата сопруга не е повредена“, соопштија од УП.
Оттаму објаснуваат дека полицијата веднаш го блокирала местото на настанот, го известила државниот обвинител и преземала истражни мерки и дејствија за расветлување на сите околности на настанот.
На располагање им стојат на располагање службениците од Одделението за обезбедување Цетиње, службениците од Регионалниот центар за безбедност „Центар“, Секторот за борба против криминалот, службениците од Групата за криминалистички истраги и припадниците на Специјалната полициска единица“, објаснуваат од УП.
Тие истакнаа дека за тој настан го известиле и Вишото државно обвинителство.