Јован Вујовиќ (27) од Цетиње е ранет утрово во пукање на патот Цетиње- Будва. Вујовиќ бил погоден од повеќе проектили. Според истите информации, тој бил пренесен во Клиничкиот центар, а полицијата пронашла запалено возило кое насилникот го користел при нападот врз Вујовиќ.
Запален автомобил бил пронајден на патот кон Будва, а полицијата ја пронашла и автоматската пушка употребена во нападот. Според полициските оперативни податоци, Вујовиќ е близок до кавачкиот криминален клан. Од Управата на полицијата неофицијално велат дека Вујовиќ, од засега непознат напаѓач, бил ранет околу 08:40 часот.
– Според информациите до кои дојде Радио Цетиње, Ј.В. бил погоден со четири проектили, од кои два го погодиле во левото и десното рамо, а два во левата и десната рака. Откако бил повреден, му била укажана лекарска помош на хируршкото одделение во болницата „Данило I“, а потоа е префрлен во Клиничкиот центар во Подгорица. Неговата состојба е стабилна, објавија црногорските медиуми.
Полицијата излезе на лице место, истрагата е во тек, а како што рекоа, се преземаат мерки и дејствија во надлежност на полицијата и обвинителството за расветлување на настанот.