Легендарниот боксер Мајк Тајсон претепа маж во авион пред летот од Сан Франциско за Флорида, пишува „TMZ Sports“.
На социјалните мрежи се појави и видео од авионот, а извори блиски до легендарниот боксер тврдат дека Тајсон бил испровоциран од видно алкохолизиран маж.
Тајсон пред инцидентот направил и селфи со мажот, кој не сакал да го остави на мира. По инцидентот, легендарниот боксер го напуштил авионот, а на претепаниот му била укажана лекарска помош.