Мајка во Кина успеа да го спаси своето бебе од лизгање на земјиштето предизвикано од поплавите во провинцијата Хенан, но за жал, таа почина, соопштија спасувачите, пренесуваат светските медиуми.

Девојчето беше пронајдено живо во средата, откако помина 24 часа во урнатините. Извештаите велат дека обилните дождови предизвикале одрон во селото Ванѓонгдијан во провинцијата Хенан, пренесува Би-Би-Си.

Целиот регион беше погоден од силни поплави што предизвикаа големи врнежи од дожд, 33 лица го загубија животот, додека повеќе од 200.000 луѓе беа евакуирани од своите домови.

Видеото на кое се гледа како спасувачи извлекуваат бебе од урнатините стана вирално. Бебето е старо само три или четири месеци.

– Слушнав како бебето плаче и во тој момент пристигнаа спасувачите и го спасија детето. Нејзината мајка добро ја воспитала, изјавил еден од членовите на семејството за „Метрополис дејли“.

Бебето било пренесено во болница и не било повредено.

Телото на нејзината мајка било пронајдено вчера. Спасувачките екипи за локалните медиуми изјавија дека го нашле нејзиното тело, било замрзнато, во позиција како да крева нешто.

– Клучен момент е тоа што начинот на кој што таа го воспитала своето дете е најважен како девојчето преживеа, рече еден од спасувачите.

Дождовите и поплавите направија хаос низ целата провинција минатата недела.

Главните патишта беа претворени во реки, а автомобилите и луѓето ги однесе поројната вода.

Најмалку 12 лица загинаа во главниот град на провинцијата Женгжу кога водата влезе во метрото во вторникот вечерта.

Многу куќи се уништени поради поплавите, оставајќи го локалното население без покрив над главата.