На бебето му била дијагностицирана хиперинсулинемија и поради тоа на детенцето му се дава лек чиј несакан ефект е густи влакна.

Бебињата се веројатно едни од најслатките суштества на планетата и во каков и контекст да се појават, привлекуваат внимание.
Бебето кое во последните денови беше во фокусот на корисниците на социјалната мрежа „Тикток“ е момче кое е целосно влакнесто. Неговата мајка ги сподели видеата на оваа мрежа, што предизвика голем број коментари.

Имено, момчето е покриено со црни и дебели влакна бидејќи го зема лекот уште од раѓање поради неговата дијагноза – хиперинсулинемија.

Како што објаснила неговата мајка, дијагнозата е целосно нетипична за возраста. Нозете, рацете, грбот, вратот, па дури и лицето му се покриени со цврсти, густи, црни влакна.

Во видеото, таа накратко напиша:

– Кога вашето бебе станува влакнесто поради земање лекови… Немаше ни коса кога се роди, влакната се појавија кога почна да го зема лекот.

Иако беше јасна за што станува збор, под видеото, кое досега е прегледано повеќе од 77 милиони пати, се појавија непријатни коментари за тоа како бебето треба да се издепилира…

Таа истакна дека не ја интересира што ќе речат другите за нејзиниот син, а во видеото што беше објавено малку подоцна, покажа како среќното бебе танцува.

Сепак, имаше и коментари за поддршка, па и пишаа дека нејзиниот син е совршен таков каков што е.

Прекумерениот раст на влакна главно се припишува на проблеми со тироидната жлезда, но експертите наведуваат дека тоа не е правило. Исто така, може да се појави како последица на зголемено ниво на андрогени кај други ендокрини заболувања или поради земање одредени лекови.