Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, пристигна во Њујорк, каде што ќе учествува на претстојниот УС Опен.

По слетувањето на аеродромот, една од неговите фотографии привлече големо внимание и ги загрижи фановите, пишуваат српските медиуми.

Имено, на фотографијата се забележува дека левото око на Новак е различно во однос на десното, како да е полузатворено, што вклучи аларм меѓу најжестоките фанови на српскиот играч на социјалните мрежи.

Има такви што мислат дека можеби станува збор за мала инфекција, и сите потсетија дека Србинот често носи леќи.

– Што се случува со неговото лево око? Мислам, јасно е дека тоа не влијае на неговиот тенисот, но ме интересира, напишал еден корисник.

Не помина многу време пред да добие одговор.

– Добро набњудуваме … Но,„селфито“ е на аеродром по долг лет и не е авторитативно да се дијагностицира ништо. Сигурен сум дека секој од нас има чудно селфи кое ќе го забележиме порано или малку подоцна…

И додека некои се загрижени, други тврдат дека тоа не е опасна состојба, нарекувајќи ја состојбата птоза. Птозата обично вклучува спуштање на очниот капак.

Истата фотографија од аеродромот загрижи многумина, но сите забележаа нешто слично во видеото објавено од Васек Поспишил за време на тренингот со Србинот пред УС Опен.

Ова не е првпат да се зборува за окото на Новак, последен пат фотографија од Дубаи на почетокот на минатата година привлече големо внимание.