И по 72 часа од исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од центарот на Скопје нема ниту трага. Нејзината фотографија не се симнува од медиумите и од социјалните мрежи, а за нашето девојче веќе се добро упатени и во соседните земји. Објавата е напишана и на англиски и на српски јазик, за жал досега нема никаква информација.

Во изјава за Фактор, мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, вели дека е во постојан контакт со полицијата и дека цврсто верува дека ќе ја најдат нејзината ќерка.

-Полицијата интензивно работи. Јас не сакам да се сомневам во ништо и во овие моменти мора да останам силна. По неколку пати во денот сум во контакт со полицијата, на се што можам да се сетам, се што сметам дека е важно за истрагата им го кажувам и тие буквално работат деноноќно. Секако дека се надевам на најдоброто, вели Зорица за Фактор.