Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Влатко Дробаров е подготвен да го облече дресот на нашиот источен сосед Бугарија.

Дробаров кој од 2020 година е дел од Черно Море влегол во нотесот на бугарскиот селектор Јасен Петров кој сака да го види во својот тим, опција која е прифатлива за некогашниот член на Скопје, Напредок, Тетекс и Беласица.

-Како и секој професионален спортист давам се од себе за моите добри настапи на теренот и надвор од него. За мене е задоволство што оваа работа ја забележуваат фудбалските луѓе во Бугарија, за тоа им благодарам, вели Влатко и додава:

-Не гледам ништо чудно. Имам пријатели овде во Бугарија и ги сакам соиграчите како семејство. Нема причина овој интерес да ми биде чуден. Не ме интересира политика. Да, јас би се согласил да играм за репрезентацијата на Бугарија, -порача Дробаров за „Спортал.бг“.